Полиса за заштита на приватноста

The Coca-Cola Company ја почитува приватноста на секој посетител на својата веб страница. Политиката на приватност објаснува кои информации The Coca-Cola Company може да ги собира и како може да ги користи.

Приватни податоци

The Coca-Cola Company нема да собира било какви приватни податоци, како на пр. имиња, адреси, телефонски броеви или адреси на електронски пошти (во понатамошниот текст „приватни податоци“), освен ако сами, по сопствена волја, не ги дадете. Доколку не сакате Вашите податоци да бидат собирани, Ве молиме да се воздржите од праќањето на истите. Испратените податоци – освен ако е поинаку наведено – можат да се користат на следниот начин: складирање и обработка, за подобро да се спознаат Вашите потреби и да се подобрат нашите производи и услуги; воспоставување контакт (во рамките на промоции; ова може да биде направено од страна на трети лица кои дејствуваат според наши упатства); препраќање на компресирани информации за корисниците и посетителите на нашата веб страница – иако само во неиндивидуализирана форма – на трети лица. Ние нема да ги продаваме, изнајмуваме или на друг начин пласираме на пазарот Вашите приватни податоци или оние од трети лица на трети лица. Ги молиме родителите да земат предвид дека The Coca-Cola Company ќе ги користи приватните податоци во согласност со оваа Политика. Меѓутоа, приватните податоци испратени доброволно од страна на деца за време на размена на електронска пошта, при чет или објави на интернет, итн. Можат да бидат искористени од страна на трети лица за испраќање несакани електронски пораки. Од тие причини, The Coca-Cola Company ги советува сите родители да ги упатат своите деца во безбедното и одговорно користење на нивните
приватни податоци.

Дополнителни автоматски зачувани информации

Под одредени услови, неиндивидуализираните технички информации можат да бидат зачувани автоматски, т.е. не преку регистрација, кога ќе ја посетите нашата веб страница. Ова зависи, на пример, од типот на интернет пребарувачот кој го користите, оперативниот систем на компјутерот и доменот на веб страницата од која сте пристапиле на нашата веб страница.

ЕУ Легислатива за заштита на податоците при складирањето на содржински податоци Информации кои автоматски се пласираат на Вашиот компјутер – Колачиња

Колачињата претставуваат фајлови кои веб серверот ги испраќа до компјутерот за потребите на сочувување податоци. Колачињата претставуваат стандард во трговијата и се користат од страна на повеќето веб страници за да се поедностави континуираниот пристап на корисникот до одредена веб страница, како и нејзино користење. Колачињата не предизвикуваат оштетувања на Вашиот компјутерски систем или фајловите и само онаа веб страница која го испратила одреденото колаче може да го прочита, менува или избрише колачето. Ако не сакате оваа информација да биде сочувана со користењето на колачиња, повеќето пребарувачи имаат едноставни методи кои овозможуваат бришење на складираните колачиња, автоматско одбивање на колачиња или пак избор да прифатите и одбиете одредено колаче кое му се испраќа на Вашиот компјутер. Меѓутоа, треба да имате предвид дека со одбивањето колачиња станува тешко или невозможно да се „користат“ делови од веб страницата.

Информации кои автоматски се пласираат на Вашиот компјутер – Пиксел ознаки

Веб страницата, исто така, може да користи така наречени „пиксел ознаки“ ,„веб светилници“, „јасни ГИФ датотеки“ или слични помагала (познати како „пиксел ознаки“) заради прибирање основни статистички податоци за користењето на страницата и стапки на одговори. Пиксел ознаките овозможуваат да се избројат корисниците кои ја посетиле страницата, да се понудат брендираните услуги и да се анализира ефективноста од промоциите и рекламните кампањи. Кога се користат како е-порака, пиксел ознаките можат да го известат испаќачот дали и кога е отворена пораката.