Правила и услови

I. Добавувач на услугите

Coca-Cola Services n.v.,1424 Chaussée de Mons,B-1070 Brussels, Belgium,Local contact person:Е-пошта: info@coke.at Телефон: +43(0)1 66171-0 Факс: +43(0)1 66171 2230

II. Авторски права

‘Coca-Cola’, ‘Coke’, ‘Coca-Cola light’, ‘Coke light’, ‘Coca-Cola Zero’, ‘Coke Zero’, ‘Cherry Coca-Cola’, ‘Cherry Coke’, ‘The Coke Side of Life’, ‘Fanta’, ‘Sprite’, ‘Sprite light’, ‘Aquarius’, ‘Bonaqa’, ‘Cappy’, ‘Cappy Gold’, ‘Kinley’, ‘Lift’, ‘Mezzo Mix’, the contoured bottle, the round logo, the Dynamic Ribbon Device, дизајнот на Coca-Cola Дедо Мразот и Coca-Cola поларните мечиња, како и Фабриката на радоста, World on My Plate и Live Positively се (регистрирани) трговски марки на The Coca-Cola Company. Претходно наведениот материјал е заштитен со авторски права. Целиот материјал е даден само за приватна и некомерцијална употреба. Следните услови за користење на веб страницата, како и останатите закони и регулативи кои важат за веб страницата, интернетот и мрежата исто така важат за сите корисници на оваа веб страница. Coca-Cola Services n.v. ја одржува оваа веб страница заради лична забава, информации, едукација и како форум за комуникација. Користете ја веб страницата по Ваша волја. Можете да го симнувате материјалот прикажан на веб страницата за приватни и некомерцијални цели, се додека ги запазите сите авторски права и останати упатства за заштита во однос на овој материјал. Забрането е продавање, менување, пренесување, повторно користење, преработка или користење на било која од содржините на веб страницата, вклучувајќи и текстови, слики, аудио и видео фајлови за јавни или комерцијални цели без претходна писмена дозвола од Coca-Cola Services n.v. и/или The Coca-Cola Company. Вашиот пристап кон веб страницата и нејзиното користење се исто така предмет на следните услови за користење и закони кои се на сила. Со пристапувањето и прелистувањето на веб страницата, Вие ги прифаќате условите за користење на веб страницата без други услови или резерва и признавате дека останатите спогодби помеѓу Вас и The Coca-Cola Company и/или Coca-Cola Services n.v. се заменуваат во зависност од предметот.

III. Услови за користење на веб страницата

Сите слики, текстови и/или графички дизајни на веб страницата, доколку не е поинаку определено, се заштитени со авторски права и можат да се користат само за цели наведени во условите за користење или во текстот на веб страницата без претходно писмено одобрување од страна на Coca-Cola Services n.v. и/или The Coca-Cola Company. Иако Coca-Cola Services n.v. настојува, најдобро што може, да обезбеди точни и ажурирани информации на оваа веб страница, сепак се работи за информативен сервис без обврски. Од тие причини, нема да биде дадено уверување или гаранција, ниту пак ќе се превземе одговорност за точноста на дадените информации или дека тие не се право на трети лица. The Coca-Cola Company и Coca-Cola Services n.v. не превземаат обврска ниту одговорност за грешките или пропустите во содржината на веб страницата. Особено, рецептите и останатите предлози, информации или содржина во врска со исхраната и прехрамбените производи во целост содржани на оваа веб страница немаат за цел да бидат упатства или препораки за индивидуален начин на исхрана. Содржината претставува рекламен материјал, а се остава на личната одговорност на секој корисник/гостин да ја провери информацијата во смисол на нејзината точност, компатибилност, итн. Содржината на оваа веб страница во ниеден случај не смее да се сфати како нутриционистички совет. Прелистувањето и користењето на веб страницата е на Ваш сопствен ризик. При испраќањето или на друг начин обезбедувањето материјал, без разлика во која форма или со која содржина, ќе се погрижите тој материјал да не е предмет на право на трети лица и да имате право на негово користење, или пак лицата кои можеби се наоѓаат на сликите или се споменуваат во текстовите да ја имаат дадено нивната согласност за користење и ќе ја обештетат Coca-Cola Services n.v во овој поглед. Со тоа и дозволувате на Coca-Cola Services n.v. и The Coca-Cola Company ширум светот, временски неограничено и бесплатно право на користење на сите материјали и информации, вклучувајќи, но неограничувајќи се на, правото на умножување, објавување, премесување, публикација, репродукција, обработување, користење и подготовка. Понатаму, за било каква цел Coca-Cola Services n.v. може слободно да ги користи идеите, концептите, знаењето или методите (вклучувајќи и рецепти) кои се дел од пораките што ги испаќате на веб страницата, вклучувајќи, но неорганичувајќи се на развој, производство и продажба на производи користејќи ги овие информации. Со користењето на веб страницата, постои можност да и дадете на Coca-Cola Services n.v. конкретни информации за Вас и Вашето користење на веб страницата; во овој случај, Coca-Cola Services n.v. може да ги анализира овие информации. Coca-Cola Services n.v. го задржува правото да ги користи овие информации за соодветни цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на поставување приватни веб страници или за маркетинг цели. Сликите на веб страницата на кои се прикажани лица или места се или сопственост на The Coca-Cola Company и/или Coca-Cola Services n.v. или се искористени со соодветна дозвола. Забрането е користење на овие слики од Ваша страна или други лица за цели поинакви од приватните, освен ако други одредби во овие услови за користење на веб страницата не дозволуваат такво користење или ако на друго место на веб страницата не се дозволува такво користење. Нелегалното користење на слики може да претставува кршење на авторските права, законот за трговските марки, личните права или правата на публицитет и законските регулативи за репродукција.

Трговските марки прикажани на оваа веб страница претставуваат интелектуална сопственост на The Coca-Cola Company и/или Coca-Cola Services n.v. или трети лица. Без претходна писмена дозвола, The Coca-Cola Company и/или Coca-Cola Services n.v. или трети лица, чија интелектуална сопственост е прикажана на веб страницата, нема да гарантираат било какви права врз содржината на веб страницата. Строго се забранува користењето на трговските марки прикажани на веб страницата или користењето на останатата содржина на веб страницата за цели поинакви од оние наведени во условите за користење на веб страницата. The Coca-Cola Company и Coca-Cola Services n.v. Ве предупредуваат дека ќе ги бранат своите права врз трговската марка без резерва, вклучувајќи и кривично гонење.

Coca-Cola Services n.v. не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до страницата Coca-Cola Services n.v. и не е одговорна за содржината на веб страниците освен сопствената, ниту пак за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница. Ако се упатувате на веб страницата на Coca-Cola Services n.v. или на други веб страници преку линк, тоа го правите на сопствен ризик и без одобрување од страна на Coca-Cola Services n.v. Иако Coca-Cola Services n.v., онаму каде што се бара, ги контролира и проверува дискусиите, четовите, подготвените новости, пораките, местата за објави или сличните места на веб страницата, не е обврзана тоа да го прави и не превзема никаква одговорност ниту обврска поврзана со содржината на комуникациските форуми, било да се работи за грешки, клевети, лажни обвиненија, пропусти, наштетување на репутација, непристојности, порнографија, религиозни навреди, опасности или неточности во информациите содржани во комуникациските форуми на веб страницата.

Забрането е да испраќате или подготвувате за испраќање незаконски, заканувачки, клеветнички, нездрав, навредлив, непристоен, непријатен, провокативен, порнографски или погрден материјал или материјали, што претставува криминално однесување или повикува на криминално однесување или кршење на други законски одредби. Coca-Cola Services n.v. во потполност ќе соработува со надлежните органи и судови кои ја повикуваат или и наложуваат на Coca-Cola Services n.v. да го открие идентитетот на лицето кое ја препратило информацијата или материјалот или ги испратило како такви преку пораки. Coca-Cola Services n.v. го задржува правото да го избрише недозволениот или непожелниот материјал без претходна најава. Софтверот и останатиот материјал симнат од оваа веб страница може да биде предмет на извозни рестрикции на Владата на САД. Законските одредби во врска со извозните ограничувања на САД забрануваат извоз на технички податоци и софтвер во одредени земји. Од оваа веб страница не смее да се симнува ниту извезува софтвер во следните земји: (1) во (или од страна на граѓанин или резидент на) Куба, Ирак, Либија, Северна Кореја, Иран, Сирија
или други земји за кои САД има одредено трговски ограничувања, или (2) на лица од листата на „Посебно наведени државјани“ на Секторот за трезор на САД или од „Табелата за забрана на нарачки“ на Секторот за трговија на САД.

Coca-Cola Services n.v. не дозволува ниту симнување ниту извоз на софтвер или технички податоци од оваа веб страница во земја каде тоа е забрането во согласност со извозните закони на САД. Повеќе детали и ажурирани информации можат да се најдат на: http://www.treas.gov/offices/enforcement/ofac/faq/index.shtml Coca-Cola Services n.v. во секое време го задржува правото да ги измени тековните услови за користење на веб страницата со ажурирање на страницата. Вие сте обврзани да ги почитувате овие измени и затоа треба да пристапувате на страницата во редовни временски интервали, за да добиете
информации за најновите услови за користење на веб страницата.